Бачев на средба со носителите на 29 листи - Единствена Македонија тргнува во народна битка за општините


17.09.2025 | 13:43:26 | Соопштенија


Бачев на средба со носителите на 29 листи - Единствена Македонија тргнува во народна битка за општините

Претседателот на Единствена Македонија оствари средба со носителите на 29 кандидатски листи за локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври.

Средбата беше во функција на подготовките на партијата за изборната кампања во која кандидатите ќе се претстават пред бирачите. Новина е што и членови на Извршниот комитет ќе бидат носители на кандидатски листи со што и највисоки партиски функционери ќе излезат на терен со народот и директно влегуваат во изборната трка.

Зошто кандидатите на Единствена Македонија да бидат вашиот избор? Изборот на локалната власт е една од најважните одлуки која го дефинира вашиот живот во наредните 4 години. Да ставиме крај на политички авантуристи за кои политиката е можност да се ќари од власта.

Затоа Единствена Македонија ја бара довербата - да ја вратиме честа, правдата и народната власт во секоја општина!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 17 септември 2025 година.