Сиљановска-Давкова ја понижи Македонија - застана во служба на туѓи интереси и одби да го одликува Георги Димитров


13.09.2025 | 12:08:23 | Соопштенија


Сиљановска-Давкова ја понижи Македонија - застана во служба на туѓи интереси и одби да го одликува Георги Димитров

Единствена Македонија изразува горчина и разочарување по веста дека претседателката Сиљановска Давкова Гордана го одбила нашиот предлог по повод 8 Септември да го одликува посмртно Георги Димитров. 

 

Со ваквиот потег Сиљановска-Давкова покажа дека не ја препознава вистинската вредност на еден човек кој има историски заслуги за Македонија, за Македонскиот народ и особено за Македонците во Пиринска Македонија.

 

Одбивањето не е само лична одлука - тоа е навреда за сите Македонци што ја ценат историската вистина и што се гордеат со луѓето кои се бореле за нашето национално постоење.

 

Со вакви одлуки, претседателката Сиљановска Давкова покажува дека е подготвена да ја жртвува вистината за Македонија за сметка на туѓи интереси и наметнати политики. Тоа е потег што ќе остане запаметен како срамна страница во нејзиниот мандат.

 

Да потсетиме, Единствена Македонија поднесе Иницијатива до претседателката Сиљаноска Давкова Гордана за донесување на Указ за доделување на одликување Орден на Република Македонија, посмртно, на Георги Димитров најистакна личност со посебни заслуги и вонредни резултати за Македонија, Македонскиот  народ и Македонците во Пиринска Македонија како претседател на владата на Народна Република Бугарија во периодот 1946-1949 година.

 

Притоа, во изјава за медиумите претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев детално ги образложи причините:

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 13.09.2025 година