Соросовата шарена конструкција „Независни за Карпош“ со нарачана кампања против Единствена Македонија


07.09.2025 | 17:07:54 | Соопштенија


Соросовата шарена конструкција „Независни за Карпош“ со нарачана кампања против Единствена Македонија

Најостро ја демантираме лагата на шарените револуционери кои ја рушеа Македонија а кои се одазиваат на „Независни за Карпош“, една од многуте соросоидни конструкции во државата, чија цел е бришење на сè што е македонско.

Инофмацијата лиферувана вчера од нивна страна дека Единствена Македонија добила државно финансирање врз основа на наводни 37 гласа во Демир Капија на локалните избори во 2021 година е флагрантна невистина со цел оцрнување на партијата по задача пред изборите на 19 октомври.

Фактите се јасни: Единствена Македонија на локалните избори 2021 настапи не во една, туку со 33 листи во 33 општини, што беше најмногу после ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓу сите партии што излегоа самостојно на изборите.

Јасно е чиј проект се „Независни за Карпош“, но демократијата не значи дека секоја шарена инсталација може да шири нарачани лаги по задача против Единствена Македонија.

Ајде да зборуваме за кредибилитет: овие истите „Независни за Карпош“ за претстојните локални избори на 19 октомври ќе настапат со листа поддржана со само два потписи. Значи, од ниво на свадбен матичар со двајца сведоци - директно во Совет на Општина Карпош! И токму тие се дрзнуваат да зборуваат за избори и државно финансирање.

Нашата порака до нив е јасна: полтроните можат да бидат посакувани од некого, но никогаш не се ценети од народот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 7 септември 2025 година