Единствена Македонија до Ахмети - Македонија не можеше ниту во сон да ја поделиш, ја предадоа Црвенковски и Георгиевски


02.09.2025 | 17:00:42 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ахмети - Македонија не можеше ниту во сон да ја поделиш, ја предадоа Црвенковски и Георгиевски

Изјавата на Али Ахмети дека во 2001 година со 15.000 војници можел да ја подели Македонија е дрска лага и навреда за македонските бранители кои ја бранеа државата.

Македонската служба за државна безбедност знаеше сè за почетните 600 до 800 вооружени терористи, нивниот број, позиции и намери. Тие можеа да бидат решение уште во зародиш. Но тогашните предавници на власт, Црвенковски и Георгиевски, заслепени од лични амбиции, промоција и желба за профит, ја оставија државата на колена и овозможија на ликови како Ахмети да се шетаат низ историјата со лаги.

Она што недостигаше беше политичко единство. Наместо обединување околу одбраната на татковината, надвладеаја личните интереси. Македонија во најтешките моменти имаше и најлошо можно решение за претседател и врховен командант.

Затоа, Единствена Македонија му порачува на Ахмети да престане со вознемирувачките изјави, бидејќи и тој и македонската јавност добро знаат дека токму тогашното предавничко раководство во 2001 година не ја исполни уставната обврска да ја брани државата. Затоа Ахмети да престане да ги вознемирува граѓаните со болни фантазии – македонскиот народ знае за предавството на Татковината!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 02 септември 2025 година.