Бачев со нов тим, прва седница на Извршниот комитет по изборот во Охрид


30.08.2025 | 18:22:22 | Соопштенија


Бачев со нов тим, прва седница на Извршниот комитет по изборот во Охрид

Извршниот комитет на Единствена Македонија ја одржа својата прва седница по изборот од страна на Централниот комитет, кој заседаваше во Охрид на 23 и 24 август.

На седницата, на која оправдано отсуствуваше членот Атанас Стојанов, беа донесени повеќе заклучоци од надлежност на Извршниот комитет, во насока на спроведување на одлуките на Централниот комитет, особено во однос на подготовките за претстојните локални избори.

Пред членовите на Извршниот комитет беше претставен кандидатот за градоначалник на Град Скопје со своите програмски определби, кој во наредните денови ќе биде и официјално промовиран пред јавноста.

Да потсетиме на дводневната седница на Централниот комитет во Охрид беше утврден составот на Извршниот комитет и одлучено секој негов член да раководи со посебна комисија:

  • Јанко Бачев - претседател

  • Емилија Гелева - Комисија за меѓународна политика и политички систем

  • Вангел Симев - Комисија за спорт, образование и администрација

  • Томе Димишковски - Комисија за научно-технолошки развој и енергетика

  • Ева Николовска - Комисија за грижа за Македонците во соседството и дијаспората

  • Атанас Стојанов - Комисија за земјоделство, шумарство, развој на селото, животна средина и туризам

  • Злате Војноски - Комисија за финансии, транспорт и стопанство

  • Милан Јовчески - Комисија за култура, локална самоуправа, социјална политика и млади

  • Вилијам Михајловски Гајда - Комисија за внатрешна безбедност, одбрана и правда

Воедно, за генерален секретар на партијата е избран Милан Јовчески, а за организациски секретар Томче Јовановски.

Со тоа, Единствена Македонија го заокружува процесот на организациско зајакнување и започнува со конкретни активности за претстојните локални избори.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 30 август 2025 година.