Единствена Македонија со честитка за Успение на Пресвета Богородица - Домот, семејството и татковината се светост


28.08.2025 | 13:55:52 | Соопштенија


Единствена Македонија со честитка за Успение на Пресвета Богородица - Домот, семејството и татковината се светост

Единствена Македонија на сите православни христијани им го честита големиот празник Успение на Пресвета Богородица, со искрена желба тој да биде мине во добро здравје, радост, љубов и хармонија.

Покрај желбата за лична среќа, дозволете да упатиме и порака: љубовта кон блиските и кон татковината да биде нашата постојана водилка. Повеќе од три децении Македонија поминува низ тешки искушенија. Затоа денес, повеќе од кога било, ја чувствуваме светата должност - да си ја вратиме државата назад.

Да ја продолжиме битката сплотени и единствени за нашата земја, во која денес Македонците, во сопствената татковина, се соочуваат со чувство на маргинализација и несигурност. Во овие тешки времиња, кога народот 30 години трпи поради корупцијата, беззаконието и економската неизвесност, потребно е здравје, сила и решителност.

Сакаме да бидете на првата линија во одбраната на националните интереси - за укинување на капитулантските договори, за Македонија како национална држава на македонскиот народ со почитување на правата на малцинствата според меѓународните стандарди, со македонски јазик и кирилско писмо како единствен службен јазик, со грижа за нашите иселеници и за положбата на Македонците во соседството, и со унитарен државен поредок.

Македонија е нашиот заеднички дом. Како што се бориме за своите семејства и огништа, така мора да се бориме и за Македонија. Домот, семејството и татковината се светости - а битката за светостите е света должност!

Нека е честит и за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица.
Да ни е вечна Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 28 август 2025 година