Централен комитет на Единствена Македонија: Јовчески генерален секретар, уставобранителот Вилијам Михајловски во Извршниот комитет


27.08.2025 | 16:09:57 | Соопштенија


Централен комитет на Единствена Македонија: Јовчески генерален секретар, уставобранителот Вилијам Михајловски во Извршниот комитет

Централниот комитет на Единствена Македонија на дводневната седница во Охрид меѓудругото донесе и неколку кадровски одлуки од своја надлежност.

Беше избран нов Извршен комитет а воедно за генерален секретар беше избран Милан Јовчески а за член на Извршниот комитет беше избран уставобранителот Вилијам Михајловски - Гајда, неоправдано осуден на 14 години затвор за Македонија.

Вилијам Михајловски како член на Извршниот комитет ќе ја води и Комисијата на Единствена Македонија за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници.

Потсетуваме дека Централниот комитет утврди 29 кандидатски листи за локалните избори, а уште шест се во постапка за утврдување на следната седница на Централниот комитет. Донесена е и одлука за кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Центар за комуникации на Единствена Македонија   
Скопје, среда, 27 август 2025 година