Единствена Македонија: Ќе ги бркаме оние што не ја почитуваат државата од која земаат плата


07.08.2025 | 15:58:32 | Соопштенија


Единствена Македонија: Ќе ги бркаме оние што не ја почитуваат државата од која земаат плата

Поминува втор ден од фудбалскиот натпревар Шкендија-Карабах каде цела Македонија го гледаше антимакедонското дивеење на навивачка група на албанското малцинство, а од страна на албанските политичари во земјата - молк.

Македонскиот народ и државјаните на Македонија се уште чекаат осуда и извинување од бројните државни и партиски функционери од партиите на албанското малцинство кои беа на стадионот, бидејќи тие имаат обврска кон државата од која земаат плата а цела Македонија виде дека тие всушност уживаа во понижувањето на македонскиот народ.

Единствена Македонија потсетува дека во изминатите децении македонски навивачи беа бесмилосно прогонувани од полициско-обвинителските органи со што дваесетгодишниот владетел Али Ахмети сакаше со секој чекор да покаже дека законите во државата важат само за Македонците а не и за Албанците.

Република Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите.Единствена Македoнија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои живеат во илузии дека Македонците во сопствената држава ќе ги направат граѓани од втор ранг.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 07 август 2025 година