Добро е што собраниска делегација го прослави 2 август во Прохор Пчински која ја обновивме во 2022 година, но, во делегацијата беа и партии кои го избришаа АСНОМ


04.08.2025 | 19:06:47 |


Добро е што собраниска делегација го прослави 2 август во Прохор Пчински која ја обновивме во 2022 година, но, во делегацијата беа и партии кои го избришаа АСНОМ

Единствена Македонија ја поздравува одлуката за вчерашното положување на цвеќе од страна на делегација на Собранието на Република Македонија на спомен плочата на АСНОМ која се наоѓа во манастирот „Прохор Пчински“.

Со ова се потврдува исправноста на одлуката на Единствена Македонија во 2022 година по цели 30 години да ја обновиме традицијата на прослава на големиот национален празник АСНОМ во манастирот „Прохор Пчињски“.

Меѓутоа останува горчливиот вкус што во собраниската делегација имаше и претставници на партии кои во 2017 и 2018 година беа рамо до рамо со Заев Заев во донесувањето на Договорите со Бугарија и Грција со кои се брише и Асномска Македонија.

Како што  е познато, пред триесет години во виорот на крвавиот распад на поранешна Југославија се случија немили настани и во „Прохор Пчињски“ спрема Македонците кои дојдоа во манастирот да го прослават АСНОМ.

Единствена Македонија на 2 Авуст 2022 година ја обнови традицијата и започна со прослава на АСНОМ во „Прохор Пчињски“ каде се одржа Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Историски датум на кој се поставени темелите на македонската државност.

На 2 Август во 2022 година Единствена Македонија го врати македонскиот народ на местото на историјата каде се донесени важни одлуки за македонскиот народ и македонската држва.

Единствена Македонија во духот на својата декларација за прогласување на партијата за историски наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ секогаш ќе биде на страната на македонскиот народ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана и заштита на македонските национални и државни интереси.

 Центар за комуникации на Единствена Македонија 
Скопје, недела, 3 август 2025 година.