По две години правда за пензионерите - благодарност до пратениците што го усвоија законот на Единствена Македонија


26.07.2025 | 14:10:09 |


По две години правда за пензионерите - благодарност до пратениците што го усвоија законот на Единствена Македонија

Единствена Македонија изразува благодарност до пратениците кои без ниту еден глас против ги усвоија нашите измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување за  линеарно зголемување на пензиите.

Потсетуваме, Единствена Македонија на 15.11.2023 во Собранието поднесе Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и  Законот за здравственото осигурување. Со пензискиот закон се бараше наместо процентуално да се применува линеарно зголемување на пензиите.

Тогашниот собраниски претседател на 23.11.2023  повратно не информираше дека нашиот предлог закон им е поделен на пратениците, но, предлог законот остана закочен во собраниските фиоки.

Како и да е, иако по две години, добро е што Собранието сепак ги усвои изменте на пензискиот закон и останува да се надеваме дека ќе го усвои и нашиот втор предлог закон за здравствено осигурување.

Линеарното зголемување на пензиите е правично бидејќи при одењето во пензија еднаш веќе му е вреднуван минатиот труд на секој пензионер со што некој заминува во пензија со 60.000 денари, а некој со 15.000 денари бидејќи на висината на пензијата влијае работниот стаж и висината на уплатените придонеси. И овие разлики во пензиите не се спорни.

Меѓутоа, откако ќе се замине во пензија, тогаш сите се еднакви, односно, без разлика дали некој бил функционер, професор, судија, службеник, работник, земјоделец, сите се исти и имаат статус на пензионер, односно во мирување и работно се неактивни.

Затоа, после пензионирање, покачувањето на пензиите треба да биде линеарно и сумата на пари што се предвидува за покачување на пензиите да се распоредува еднакво на сите пензионери.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 26 јули 2025 година