Ќе поднесеме барање до Собранието за ставање на дневен ред на нашиот предлог-закон од 2010 година за една изборна единица и забрана за предизборно коалицирање


01.06.2025 | 12:04:36 |


Ќе поднесеме барање до Собранието за ставање на дневен ред на нашиот предлог-закон од 2010 година за една изборна единица и забрана за предизборно коалицирање

Единствена Македонија во понеделник (01.06) ќе поднесе барање до пратениците најпосле да го стават на дневен ред Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик поднесен на 22.07.2010 година. Со предлог-законот се предвидува:

- измена на изборниот модел, со кој се предлага воведување на една изборна единица. Единствена Македонија како прва политичка партија што јавно ја застапува оваа идеја уштед од 2010 година, сметаме дека е време за праведен изборен систем во Република Македонија бидејќи таквиот изборен модел е покомпатибилен со нејзините карактеристики, култура и политички околности како и правичност и еднакво вреднување на секој глас,со што се овозможува најоптимално совпаѓање на процентот на освоени гласови со добиените пратенички мандати.  

- забрана на предизборно коалицирање со што ќе се стави крај на т.н. партии-крлежи кои пред секои избори шетаат од една во друга коалиција само за да нивните претседатели добијат директорски места. Сметаме дека единствено правилно е постизборно коалицирање откако на изборите ќе се види изборната тежина на секоја партија преку поединечен настап на изборите.

- право на надомест на претставниците во изборните органи на сите учесници во изборниот процес. Познато е дека на денот на одржувањето на изборите, од започнувањето на изборите во 7 часот наутро, па, се до затворањето на гласачките кутии во 19 часот навечер, на избирачките места се присутни претставници на сите политички партии како овластени предлагачи. Меѓутоа, надомест од буџетот добиваатс само претставниците на коалициите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВРЕДИ а сите останати партии-учесници треба да ги плаќаат своите претставници од сопствени извори.Според тоа, треба да се надмине оваа дикриминацијата и нееднаквост во изборните органи.

- претседателот и членовите на ДИК по престанокот на мандатот се враќаат на работното место на кое работеле до нивниот избор во ДИК и да не можат да бидат избрани и именувани за носители на јавни функции за период од 4 години по престанок на функцијата во ДИК. На тој начин се елиминира можноста за нивна постизборна награда со јавна функција за “добро завршена работа” во изборниот процес.