Единствена Македонија со честитка: Преку Христос божјата љубов победи над божјиот гнев, така ќе победи и Македонија во одбрана на македонскиот национален карактер


20.04.2025 | 12:21:31 | Соопштенија


Единствена Македонија со честитка: Преку Христос божјата љубов победи над божјиот гнев, така ќе победи и Македонија во одбрана на македонскиот национален карактер

Единствена Македонија по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден упати честитка до православните верници.

„Единстена Македонија на сите православни верници во Македонија и во странство им го честита Воскресението Христово - Велигден и посакува многу радост, среќа и духовен мир. Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина.

Велигденското празнување ни доаѓа во тешко време кога треба да го одбраниме националниот карактер на Македонците.

Но, Татковината нема цена. Христовата победа над смртта нека ни биде силна инспирација да ја победиме оваа битка. Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да го одбраниме Македонството од тие кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.

И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на религиозните посебности, а помирувањето во македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата заедничка иднина.

Водени од оваа верба, наша должност како Македонци е да ги зачуваме највисоките национални, државни, традиционални и духовни вредности на Македонија и Македонците како библиски народ и света библиска земја.

Нека ни е честит големиот празник Велигден и нека е за многу години.

Христос Воскресе! Навистина Воскресе! 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 20 април 2025 година