Делегација на Единствена Македонија се поклони пред гробот на Гоце Делчев


04.02.2025 | 17:12:17 | Соопштенија


Делегација на Единствена Македонија се поклони пред гробот на Гоце Делчев

Делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев денес оддаде почит пред гробот на Гоце Делчев по повод 153 -- годишнината од раѓањето.

 

За сите нас инспиративно е негото дело, инспиративна е неговата жртва која ја даде за слободна и независна Македонија.

Единствена Макеоднија ветува, се заветува дека никогаш нема да ги предаде идеалите на Гоце Делчев.

 

Гоце Делче еднаш беше предаден за време на животот. Во никој случај нема да дозволиме повторно да биде предаден и за време на смртта.

Гоце Делчев е столбот на македонското револуционерно движење. Тој е нашиот идеал. Нашата инспирација. Гоце Делчев беше и останува Македонец.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 4 февруари 2025 година.