Бачев му пиша на Росен Жељазков: Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви гo подариме Зоран Заев трајно и за навек


04.02.2025 | 16:52:48 | Соопштенија


Бачев му пиша на Росен Жељазков: Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви гo подариме Зоран Заев трајно и за навек

Писмо, Единствена Македонија
проф. д-р. Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 4 февруари 2025 година

Премиере Жељазков,

Денешниот ден од 153 - годишнината од раѓањето на Гоце Делчев е добар повод да се обратам до Вас и пријателскиот бугарско-татарски народ, со една фер понуда за надминување на недоразбирањето за Делчев.

Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, подолго времеводат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, кој, целиот живот го посвети на Македонската револуционерна борба и создавањето на слободна и независна Македонија.

За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и кои длабоко ги оптеретуваат македонско-бугарските односи.

На домашен терен во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на се што е македонско на Бугарија се поранешни премиерски и министерски марионети коија обезличуваат македонската држава, нација, јазик, историја и бришење на Македонците во Пиринска Македонија.

Затоа, Единствена Македонија, како партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањето со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што Зоран Заев како еден од најголемите предавници во поновата македонска историја ќе и биде подарен на Бугарија трајно и за навек, а Гоце Делчев може да почива во мир.

Длабоко сум уверен дека Бугарија под вашето лидерство ќе ја прифати понудата. Денешниот ден од 153 - годишнината од раѓањето на Делчев е потсетник за целиот македонски народ дека единствени и сплотени мора да успееме против антимакедонскиот походот на македонските јаничари во Бугарија.

Впрочем, не му било лесно и на Гоце Делчев. Можел Делчев да биде само учител а не идеолог и револуционер и со другите револуционери да си седат дома и да не одат во планините. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Борбата на Гоце Делчев беше создавање на независна македонска држава а нашата борба сега е истата да ја зачуваме пред налетот да се избрише се што е македонско. Ние сме цврсто решени да истраеме во одбрана на остварениот идеал на Делчев – слободна и независна Македонија. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти нашата борба е исправна, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на еден цел народ.

За Единствена Македонија Гоце Делчев е столбот на Македонија, беше и ќе остане Македонец. Никогаш нема да дозволиме Гоце повторно да биде предаден како што беше предаден и за време на животот.

Со искрена надеж за натамошно успешно развивање на македонско-бугарските односи, длабоко го ценам времето што ќе го употребите за разгледување на оваа фер понуда, со што Гоце Делчев ќе може да почива во мир.

д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија