Што се случува кога се крши меѓународното право и тоа од светскиот полицаец број 1 во заминување?


20.01.2025 | 19:58:00 | Колумни


Што се случува кога се крши меѓународното право и тоа од светскиот полицаец број 1 во заминување?

Веб колумна, Единствена Македонија 
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар 
Скопје, понеделник, 20 јануари 2025 година

Има барем 128 познати воени бази на хегемонот ширум светот, уште на десетици тајни. Гвантанамо го затворија или можеби го префрлија на подморница која ја нема на списокот на активни подморници?

Дивеат онака како што дивееја и направија геноцид врз индијанците или до ден денеска како ги третираат своите сојузници(читај вазали), конкретно ја притискаат Канада да стане дел од УСА како 51 сојузна држава или обидите да му се земе територија на Мексико, Панамскиот канал од Панама или Гренланд од Кралството Данска, ептен демократски нели?

Забранија купувањето на најголемата челичарница во САД и тоа од страна на Јапонските сојузници. Ако вака се однесуваат со сојузниците како ли со останатите? Го силуваат(со уцени политички и економски санкции) светот, но зарем она што се случува во ЛА не им е доволен сигнал на неоконите и сатанистичките елити вдомени во демократите дека нивното време поминува? Имам само една дилема, дали ке пропаднат како Рим(од внатре) или Картагена (од надворешни сили)?

Велат носат демократија во светот, слободниот свет. НЕ!Они само носат на власт  поткупени и уценети политичари за да ги контролираат процесите(барем сеуште) ширум земјите и од 1945 од формирањето на ООН(патем они го контролираат во сите негови агенции и тела Хегемонот има свои луѓе). Хегемонот направи 32 војни ширум планетата земја!

Велат за санкциите кон Русија (чинам 16-ти пакет од вчера наваму), ке донеле диверсификација на пазарот на енергенси. ЛАГА!Освен што  растат приходите од течен гас на нафтените магнати во САД од продажбата кон Европа, истовремено слабее куповната мок на европејците.

Гасот од Катар никако да стигне преку разурнатата и сеуште под санкции  Сирија а опозициските воени сили полни со терористи водат борби на границата со Либан,ниту Израелскиот течен гас преку источен Медитеран, додека Норвешка задоволува едвај 30 проценти од Европскиот пазар и тоа 124 милијарди кубни метри.

Со санкциите овие од вчера пристигнати како новогодишни подароци, опфатени се 200 танкери и фирми за транспорт и логистика, 2000 фирми во ланецот понуда/побарувачка и дури 30 земји. Еднаш засекогаш мора да им се застане и да им се каже НЕ!

Во спротивно, хегемонот во својата пропаст сака да го повлече не само западот туку и целиот свет. Кога сме кај црните листи и санкции, на домашно ниво, ставени се МАКЕДОНЦИ и тоа низа врвни бивши владини функционери и од ВМРО ДПМНЕ но и еден реномиран универзитетскипрофесор, вице премиер од сдс без М кои ја полнат црната листа, а колку има од ДУИ, еден без двајца и еден од ‘Војвода’ од ДПА и по некој од другата страна на законот?  

Да споменеме дека и покрај санкциите од англосаксонскиот хегемон(или народски кажано длабока држава: не избрана, владејачка и природно склона кон пари(на сите начини) многу вековна елита со пипци и во Франкфурт, Берлин, Рим и Ватикан, Париз итн итн итн).

Сепак и понатаму низа западни компании (Филип Морис, Пепсико, Марс, П анд Г, Монделез, Сити Груп, Ј и Ј, Кока Кола, итн) сеуште работат во Русија, значи прават профит (вкупно сите тие се стотици западни корпорации, а само од САД работат во Русија дури 123 корпорации, значи  во 2023 профитот им се мери 30,5 милијарди долари) и уште згора на се плаќаат данок(1,2 милијарди долари) кон РФ, а со тие даноци  нели се финансираше војната помеѓу два православни народа или барем така тврди некое портпаролче во  Белата куќа со напишан текст во некоја од просториите соседни на овалната(претседателска) соба.

Денеска е инаугурацијата на Доналд Трамп за 47-ми претседател на САД, истовремено БЕГИН САДАТ центарот  публикува  на 46 страни анализа каква ке биде надворешната политика на новата администрација. Вреди да се прочита и ке видите дека САД се како големтоварен брод, тешко ја менува рутата, но знае да ја пренасочи на одредени делници ако надоаѓа бура.