Единствена Македонија до јаничарот Костадинов: Ако е бал, нека е маскенбал, ајде да ја направиме големата држава со Солун како главен град


10.01.2025 | 12:24:13 | Соопштенија


Единствена Македонија до јаничарот Костадинов: Ако е бал, нека е маскенбал, ајде да ја направиме големата држава со Солун како главен град

Претседателот на бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов со изјавите против Македонија и Македонците уште еднаш ја потврдува  поразителната вистина дека македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарската антимакедонска идеологија.

Во стилот на дежурен веќе здодевен провокатор, Костадинов продолжува да глуми некаква храборст со гледањето на Бугарија само до Охрид а истовремено „преде како маче“ со целосниот молк и плашливост да зуцне и за Солун - срцето на Македонија.

Оттука, со заборавот на Солун, може да се каже дека македонските јаничари во стилот на политички кловнови и циркузанти служат само за забава. Впрочем, низ годините се изнагледавме вакво нешто со агресивен поход на бугарски политичари, научници и историчари за целосно негирање на македонската нација, јазик и историја.

Затоа, му укажуваме на јаничарот Костадинов дека единствениот пат околу идејата за Македонија е да се освои Солун како главен град на идната голема држава и затоа го повикуваме Костадинов да тргнеме да се биеме за Солун.

Само така ќе дојде вековниот сон за држава на сите Македонци од етничка Македонија од која пиринскиот и беломорскиот дел и понатаму се окупирани од Грција и Бугарија. Во новата заедничка држава ќе се најдат и македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и сега се главниот проблем меѓу Бугарија и Македонија. Исто така, со новата голема држава јасно ќе се разграничат Бугарите за кои цел свет знае дека влечат корени од татарско-монголското потекло.

Единствена Македонија изразува согласност за почеток, првиот кмет на Солун да биде првиот македонски јаничар од типот на Костадинов кој се осознал и вратил на своите изворни македонски корени.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 10 јануари 2025 година