2025 - Глобална војна ИЛИ почитување на меѓународното право


02.01.2025 | 00:11:08 | Колумни


2025 - Глобална војна ИЛИ почитување на меѓународното право

Веб колумна, Единствена Македонија 
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар 
Скопје, среда, 02 јануари 2025 година

Со сета должна почит кон жртвите, но дел (повеќето спремаат испити) од студентите кои бараат оправдано правда и правдина во соседна Србија, се заведени во политички планирана активност наречена ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА.

Скроена во лабораториите на западните амбасади стационирани во Белград, изведено од опозицијата која како и Заев не знае со проекти, зголемен БДП да работи и заработи нов мандат(и) преку избори од и во име на народот.

Секако тука е и отпечатокот на озлогласениот ОТПОР како бебе движење на СОРОС фондацијата кој порасна и го прошири делокругот на ШАРЕНИ РЕВОЛУЦИИ ширум светот, вклучително и Македонија. Затоа ке добијат правна лекција и оброк три пати на ден, но се во свое време, што би рекол нашиот народ - ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ.

Ако е нешто добро, тоа е дека длабоката држава и нејзиниот оператор Англосаксонскиот хегемон се во криза. Ним им е потребна глобална војна (веќе прокси војните не им се доволни) за да го направат односно спроведат ним главниот план за глобален ресет(читајте енормно богатење) и заведување на глобална Светска Влада (читајте глобална диктатура).

Успеаја во Сирија, па така Сирија каде владее хаос и делува ИСИЛ,ИСИС,ИД е само продолжетокот во операцијата наречена крв, злосторства, пљачки, со едно име хаос.

Започна после Втората световна војна со напалм бомбите врз Беломорска Македонија, поделбата и крвава братоубилачка војна во Кореја, 1955 до 1972 прва суданска граѓанска војна, војните во Бурма,Лаос Виетнам(кој денес се издигна од пепелот како феникс), граѓанската војна во Либан 1975 до 1979/80, поттикнувањето на Талибаните во 1979 против СССР, рушењето на Шахот и кралскатадинастија Пахлави во Иран 1979, војната во Либан 1982 и упадот на Израел во Јужен Либан 1978 и 1982 кој траеше до 1985 , втора граѓанска војна во Судан(1983 до 2005), војните во СФРЈ говорам за втората Титова Југославија, Сомалија, Јемен, Авганистан 2001, Ирак2003, повторно Либан (до ден денешен вкупно три војни помеѓу Израел и Хезболах),Арапската Пролет, Либија, Сирија и отпорот на Башар ел Асад, Талибаните на власт (овојпат за разлика од 1989 кога беа избркани Советите, избркани беа Американските коалициски сили), граѓанската војна во Мианмар (екс Бурма), војната во Украина, нова граѓанска војна во Судан, војната во Газа и Либан, падот на Башар ел Асад во Сирија, каде и да се свртиме прокси војни, но иницијална каписла е мешањето на  Хегемонот и нивните централни служби и секако  нивното непочитување на МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО.

Но, народите, особено нивните граѓани се помалку сакаат да војуваат, на сметка на богатење на западните а и источните воени лобија и индустрии. Од таму произлегува нивниот страв дека нема да можат да сеат раздор и омраза кон народите, а токму од тие два елементи  се хранат ТИЕ  кои владеат со светот последниве две илјади години. Вашиот  прогрес, мир, стабилност, напредок не им е нивната примарна цел, ниту некогаш била, тоа што политичарите(од нив како кукли поставени) говорат како работат за вас, е една голема манипулација.

БОГ нека ни е напомош во 2025 година.