Единствена Македонија: Одговорност за уставните судии Осман Кадриу и Насер Ајдари мора да има - еве ги причините


15.12.2024 | 12:45:54 | Соопштенија


Единствена Македонија: Одговорност за уставните судии Осман Кадриу и Насер Ајдари мора да има - еве ги причините

Уставните судии Осман Кадриу и Насер Ајдари недозволено влегоа во наменската и опасна агенда на ДУИ за возбудување на народот со заканувачки изјави за дестабилизација доколку се чепне во Закнот за употреба на јазиците што своевремено им го поклони криминалецот и предавник Зоран Заев.

Кадриу и Ајдари се претворија во маша на Али Ахмети. Со своето приклучување во шемата да се прикаже ДУИ за наводен спасител на албанскиот јазик излегоа надвор од своите овластувања.

Еве ги фактите. Пред седницата на Уставниот суд во јавноста излезе рефератот на судијата известител и во него дури стои дека законот ниту ќе се укинува ниту ќе се поништува. Но, внимавајте добро, според Актот за работа на Уставниот суд рефератот го добиваат сите судии најдоцна седум дена пред седницата со нацрт одлуката. Значи во услови кога Кадриу и Ајдари веќе го имале рефератот и нацрт-одлуката добро знаеле дека законот нема да се укинува или поништува. Но, Кадриу и Ајдари одбраа до последен момент со бомбастични изјави да ја бојкотираат работата на Судот, да глумат загриженост за наводното укинување на законот и рамо до рамо со Али Ахмети ја замајуваат и возбудуваат јавноста за наводно загрозување на албанскиот јазик со можна дестабилизација на државата.

Ваквото дилетантско однесување на Кадриу и Ајдари е недозволено, бидејќи  според Уставот само и единствено тие се грижат за уставноста и законитоста и слободно може на седница да се изјаснуваат „за“ или „против“. Но, Кадриу и Ајдари одбраа свесно да влезат во политичка агенда на ДУИ за дестабилизација и нарушување на меѓуетничките односи и затоа одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 15 декември 2024 година