Меѓународното право или повторување на историјата


08.12.2024 | 23:02:58 | Колумни


Меѓународното право или повторување на историјата

Веб колумна, Единствена Македонија 
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар 
Скопје, недела, 08 декември 2024 година

Владимир Владимирович Путин вели кој не ја познава својата, регионалната и светската историја е осуден на пораз. Јас би се надополнил дека секогаш кога малиот (по територија и ресурси) не држи до меѓународното право е осуден на пораз.

Историските факти велат, Руската империја не губи на военото поле, ако се исклучат Руско Турските војни кога исходот е осум наспрема четири за Русија, другите регионални или империјални сили поминуваат телетабисно катастрофално. Подолу фактите:

Од ливонските 'крстоносни војни' (1240-1250) со Тевтонските витези кои војуваат против Царска Русија, преку Литванско полската инвазија на царска Русија (1605) и инсталирањето послушник на тронот во Москва, па нивен пораз од Царска Русија;

Шведската инвазија на Русија (1708) и Шведскиот пораз кај Полтава(1709) од Царот Петар Велики, Меншиков, Шереметјев;

Наполеонова инвазија (1812) на Русија и влез во Москва и поразот на Французите кај Бородино од Русинот Ген Кутузов;

Инвазијата на Осовината врз Русија (1941) и поразот нивни од Црвената армија кај Курск, Сталинград и ширум воените полиња во СССР и ширум Европа...да се потсетиме нацистичка Германија предводена од мрднатиот злотвор Хитлер.

Па се до најново време, кога го имаме НАТО сојузот, а тој т.н одбрамбен сојуз НАТО е активен учесник во 2014/2022/2023 и не им доаѓа ПАМЕТ, дека Русија не е Цариград (НАША ВИЗАНТИЈА) ПА ПЉАЧКАЈ до бесвест и носи до Амстердам, Ротердам, Џенова, Венеција, па, на запад до кралските палати.

Таман дојде примирје во Либан, се крчка продолжување на војната во Сирија (провинциите Алепо и Идлиб), интерконтинентални хипер сонични балистички ракети фрштат од Руските воени хангари кон воените комбинати (пр ЈУЖМАШ) во Украина, додека храбриот Грузиски сон на премиерот на Грузија се спротивставува на хегемонот и обидот за Грузиски Мајдан.

Балканот буре барут, особено кај нашите комшии нема мир помеѓу Албанците и Србите, односно Приштина и Белград. Да не говориме за терористите од Узбекистан, Таџикистан, Туркменистан кои се најмени од Ал Каеда, Исламската Држава, ХТС. Терористичките напади во Пешевар, Пакистан. Каде и да се свртиме, отпечатокот на хегемонот е присутен. И сето тоа заради непочитување на меѓународното право.