Бачев се сретна со претседателот на Република Српска Милорад Додик


19.11.2024 | 16:48:18 | Соопштенија


Бачев се сретна со претседателот на Република Српска Милорад Додик

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во рамките на тридневната посета на Република Српска, денес, вторник, 19 ноември 2024 во претседателската палата во Бања Лука оствари средба со претседателот на Република Српска Милорад Додик.

На средбата беа разменети мислења околу актуелниот спор што се води пред судот во БиХ против претседателот Додик поради непочитување на одлуките на високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит. Притоа, претседателот Бачев како професор по меѓународно право изложи свое мислење од аспект на меѓународното право во однос на легалноста и легитимноста на Високиот претставник.

На средбата беше изразена согласност дека Република Српска има неотуѓиво и со ништо неограничено меѓународно правно - признато право да бара целосно исполнување на Дејтонскиот договор како што е напишан.

Општ беше впечатокот дека односите меѓу Република Македонија и Република Српска се исклучително пријателски како и блиските пријателски односи меѓу македонскиот и српскиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник 19 ноември 2024 година