Каде оди светот?


30.10.2024 | 19:16:10 |


Каде оди светот?

Веб колумна, Единствена Македонија 
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар 
Скопје, среда, 30 октомври 2024 година

Војници на Северна Кореја војуваат во Курск заедно со Руската Федерација а Јужна Кореја праќа оружје на Украина преку трети земји.

Во нападите на северен Израел на градот Мајд ал Крум загинати 2 цивили. Во напад на Хезболах и Хамас убиени се 5 специјалци на ИДФ и четири резервисти од 28-от батаљон.

Од Аитаруна во Јужен Либан континуирано се напаѓани цели во Северен Израел. Иран се подготвува за војна.                                                                                 

Хегемонот не мирува и во напад врз воен конвој во Грозни Чеченија од терористички келии загинат е еден војник на Руската Федерација, а друг потешко ранет.

Истовремено, големи антивоени протести во Словачка во главниот град Братислава.

Но за сето ова во Македонија нема да чуете на МРТВ, Сител, Канал5, Телма...или Алсат уште помалку.

Во Турција во терористички напад на ПКК (Курдистанската работничка забранета партија) врз објекти на  воената аеро индустрија и главната дирекција, убиени се пет а ранети 22 цивили.

За не цели 3 часа, Турските авиони гаѓаа кампови за обука на ПКК во северна Сирија и северен Ирак, а целта беше постигната. Имено Ердоган го напушти самитот на БРИКС + во КазањТатарстан во Руската Федерација.   

За потсетување, после големите терористички напади во Истанбул на Таксим во 2010 година (15 ранети), во 2016 на аеродромот Ататурк (43 загинати со 147 повредени), во 2022 година во Истанбул (шест загинати со 81 повреден), овој е ќетврти голем терористички напад и повторно може да се види отпечатокот на Хегемонот.