Нека е честит 23 октомври, овој голем македонски ден. Нека е вечен споменот на Организацијата!


23.10.2024 | 15:33:46 | Соопштенија


Нека е честит 23 октомври, овој голем македонски ден. Нека е вечен споменот на Организацијата!

Единствена Македонија на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија им го четита 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

Општ е впечатокот дека денешниот датум 23 октомври е силно врежан во меморијата на македонскиот народ. На овој ден пред 131 година шестмина храбри Македонци, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Антон Димитров ја формирале најсилната револуционерна организација во македонската историја.

Кај овие луѓе се родила идејата дека мора да ја остварат историската оринетација на македонскиот народ за македонска држава, меѓутоа, тие биле свесни дека остварувањето на идејата ќе биде тешка работа. Ја создадоа идејата, за идејата потоа ја создаде организацијата, а организацијата го создаде делото. Делото е самостојна, суверена и слободна Република Македонија.

Нека ни е честит празникот 23 октомври, овој голем македонски ден. Нека е вечен споменот на Организацијата!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 23 Октомври2024 година