11.10.2024 | 13:41:30 | Соопштенија
Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!
Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата започна на 11 октомври 1941 година со вооруженото востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор кои во рамките на глобалниот германски фашизам ја окупираa територијата на Македонија, со што дојде слободата и остварувањето на сонот за формирање на македонската држава.
Борбата на нашите предци беше македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме од домашните и надворешните непријатели на македонското дело кои сакаат да избришат се што е македонско и да го срушат сето она што го постигнаа борците во антифашистичката борба со својата храброст, решителност и одлучност.
Пред нас е нова борба откако е распослана тажната слика за Татковината со бришење се што е македонско со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.
11 Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонската држава, македонскиот народ и сите лојални граѓани на Република Македонија, никогаш нема да ја заборави жртвата на македонските партизани и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.
Нека е честит 11 Октомври! Нека е вечно делото на борците во Народноослободителната борба за социјално и национално ослободување на македонскиот народ, да ни е вечна Република Македонија!
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 11 Октомври 2024 година.