Позади сцената


25.09.2024 | 09:50:55 | Колумни


Позади сцената

Веб колумна, Единствена Македонија
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар 
Скопје, вторник, 25 септември 2024 година

 

Изборите во САД добиваат на динамика. Истовремено, во Италија, во непосредна близина на Трст се одржа затворен состанок помеѓу претставници на изборниот штаб на Трамп, членови на тинк тенк организација од Будимпешта зад која стои ФИДЕС и унгарскиот премиер Орбан и високо позиционирани претставници на НАТО. Интересно нели?

 

ИДФ вооружените сили на Израел, кој води војна против терористичките Хамас, Хутите од Јемен, Хезболах и Палестински исламски џихад, пресметале дека дури 6.100 до 6.500 луѓе од Газа учествувале во терористичкиот напад врз кибуците во пограничните територии внатре во Израел. Толку од наивноста и невиноста, нели?

 

Хегемонот решен е да прави војни и хаос каде стигне. Така најново е, подбуцнувањето на дел од провинцијата Балокистан (се протега во Иран, Пакистан и Азербејџан) и тоа Балокистанските сепаратисти во Пакистан изминатата недела убија 74(во претходниот напад 23 цивили и 34 возила уништени) цивили од областа Пунџаб и сето тоа откако доби на динамика ЦПЕЦ - Кинеско - пакистанскиот економски коридор кој е дел од кинескиот пат на свилата.

 

Во изминативе години преку 70.000 цивили, но и војници се убиени, како резултат на насилието кое има и верска конотација, но и политичка идеологија. Напади има и на кинески инженери, со што јасно се гледа крвавиот отисок на Хегемонот. Владата на Шехбаз Шериф даде зелено светло за Азм е Истекхан што во превод значи раздвојување на гордиевиот јазол во однос на тероризмот.

 

Кина продолжува со своите милениумски планови и наспроти насилието на Хегемонот, НР Кина продолжува со инвестиции во Југоисточна Азија, Латино Америка и Африка. Конкретно, еве пример во Намибија, која од 2018 има договор за економска и техничка соработка во вредност од 200 милиони РМБ како и вклученост на кинески инвеститори и изведувачи во Валвис заливот кој е исклучително стратегиски битен за Намибија(која е богата и со руда, конкретно за добивање на ураниум), но и НР Кина.

 

После пропаѓањето на договорот со Рио Тинто (актуелен во Србија со проектот Јадар) НР Кина преку своите државни банки и позајмува 1/4 Милијарди УС долари на Намибија со што се стекнува со 10 % сопственост врз рудниците за ураниум кој е критичен минерал. Соработката измеѓу НР Кина и Намибија во периодот 2012 - 2024 година продолжува на воен и институционален план.

 

Дека светот не е само запад(политички, економски, спортски, културолошки), говори и фактот дека во Централна Азија во Казахстан се одржуваат Светските номадски игри, каде ќе настапат учесници од дури 85 земји со 2.500 спортисти. Хегемонот се меша секаде.

 

Но, има ли мажи и жени овде, да и стават до знаење на амбасадорката на САД дека се меша во суверените внатрешни работи на малатамилениумска, вечна, независна и суверена МАКЕДОНИЈА?