Делегација на Единствена Македонија оддаде почит на партизаните од Егејска Македонија во граѓанската војна во Грција


08.09.2024 | 15:48:45 | Соопштенија


Делегација на Единствена Македонија оддаде почит на партизаните од Егејска Македонија во граѓанската војна во Грција

Делегација на Единствена Македонија во состав од претседателот Јанко Бачев и членовите на Извршниот комитет Вангел Симеви Томе Димишковски, денес, 8 септември 2024 година во Катлановска бања положи цвеќе на паметникот подигнат во знак на сеќавање на загинатите и ранетите партизани од Егејска Македонија кои се лекувале во оваа бања за време на Граѓанската војна од 1946-1949 против монархофашистите во Грција.

На настанот свое обраќање имаше претседателот Бачев кој меѓу другото ја истакна потребата овој настан во иднина да влезе во државниот протокол за одбележување на настани од национално и државно значење од една единствена причина дека без почитување на нашето славно минато немаме иднина.

Настанот беше во организација на Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и претседателот и секретарот на Формуот, Ташко Јованов и Александар Ѓоргиев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 8 септември 2024 година.