Грција забрани изучување на македонскиот јазик и се враќа на политиката на целосна негација на Македонците


31.08.2024 | 12:20:58 | Соопштенија


Грција забрани изучување на македонскиот јазик и се враќа на политиката на целосна негација на Македонците

Единствена Македонија ја осудува грчката забрана за изучување на македонски јазик во Беломорска Македонија иако Грција е потписник на повеќе меѓународни акти за заштита на малцинските и човековите права.

Со ова најново антимакедонско поведение, Грција се враќа на вековната политика на целосно негирање на Македонците.

Меѓутоа, без оглед колку ни е тешко да признаеме како Македонци, во интерес на вистината важно е дека во историјата други нѐ делеле и асимилирале и она што не им успеа во минатото на вековните македонски поробувачи, во 2018 година го направи власта на Зоран Заев со потпишување на т.н. преспански договор со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Патем, откажувањето од грижата за Македонците во Грција е стара пракса на властите во Македонија во изминатите 30 години. Се започна со промена на Уставот во јануари 1992, Времената спогодба со Грција од 1995 и најново со т.н. преспански договор иако државите треба да ја регулираат положбата на своите национални малцинства, а не да се откажуваат од грижата за нив бидејќи според меѓународното право, малцинските и човековите права влегуваат во корпусот на правилата jus cogens од кои државите не се овластени да отстапат по пат на договорен ангажман. Ова е потврдено и од најкомпетентно место - Комисијата на ООН за меѓународно право.

Меѓутоа, добрата работа е што т.н. преспански договор е ништовен според меѓународното право. Во секое зло, добро!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 31 август 2024 година.