Честитка од Единствена Македонија по повод празникот Успение на Пресвета Богородица


28.08.2024 | 13:11:10 | Соопштенија


Честитка од Единствена Македонија по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Единствена Македонија на сите православни христијани им го честита големиот празник Успение на Пресвета Богородица, со искрена желба празникот да го минат во добро здравје и радост исполнети со љубов и со хармонија.

Покрај желбата за добро здравје и радост, посакуваме љубовта кон блиските и татковината да бидат водилка низ животот во доминантно македонска и православна Македонија.

Посакуваме во овие тешки мигови за татковината да имате добро здравје и најпосле да зачекориме во Македонија како земја на благосостојба иако чуствувате голема болка поради несигурната егзистенција, грабежот, безаконието криминалот и корупцијата што ви ги даваа властите во изминатите 30 години.

Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови да се бориме и за Македонија. Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност.

Нека е честит и за многу години празникот. Да ни е вечна Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 28н август 2022 година