Единствена Македонија го честита Денот на АРМ: Остануваме посветени да ја вратиме Македонија на изворните илинденски и асномски принципи


18.08.2024 | 16:46:53 | Соопштенија


Единствена Македонија го честита Денот на АРМ: Остануваме посветени да ја вратиме Македонија на изворните илинденски и асномски принципи

Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, Единствена Македонија ви го честита денешниот празник и во исто време сакаме да ја потенцираме вашата континуирана посветеност во заштитата на територијалниот интегритет на државата.

На денешен ден во 1943 година е формирана првата воена единица на НОВ, „Мирче Ацев„ во славната Дебарца која прерасна во македонска војска која се избори за слобода на нашата држава и победа над фашизмот.

Денеска 81 година подоцна во услови кога се брише македонската историја и историјата на македонската армија со бришење на АСНОМ и Илинден, ова е тажен дена за македонските војници.

Затоа, обврска на сите нас е да ја вратиме Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.

За таа цел, Единствена Македонија останува посветена за враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.

Честит ден на Армијата на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 18 август 2024 година