Заветна


17.08.2024 | 18:41:07 | Колумни


Заветна

Веб колумна, Единствена Македонија
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар 
Скопје, сабота, 17 август 2024 година 

Може да те предадат и одречат, но, кај што тонеш ти извираш МАКЕДОНИЈО. Освен предизвиците со кои се соочува Македонија и заканите од ДУИ за протести на улици за менувањето на вољата на граѓаните на изборите пролетоска, во регионов се присутни и други форми на нестабилност.На пример, Бугарите по 7-ми пат од 2021 година ќе излезат на избори во обид да се формира стабилна влада, во релациите Белград и Приштина статус кво, малцинствата во Албанија се обединија во напорите заедно да се спротивстават на негаторските наоди од пописот кај нашиот западен сосед, дури и одлучно рекоа дека ќе направат свој попис.

Во глобални рамки, наспроти воените дејствија во јужен Либан против формациите на Хезболах од страна на владата на Биби Нетанјаху во Израел, имаме и нов лидер на терористичката Хамас,Јахија Синвар, и интересно е да се види како земјите каде се доминантни шиитите(Јемен, Оман, Кувајт каде ги има околу 20 до 40 %, Бахреин, УАЕ) ќе се постават во однос на можната ескалација на војните дејствија измеѓу Израел и шиитски Иран, заедно со Хезболах и своите прокси милиции во Ирак , Сирија, Либан , Хутите во Јемен и пошироко.

Неодамна повторно излезе една анкета публикувана од централната интел агенција на Хегемонот од 2018, во која се потенцира на одредени територии кои во иднина би можеле да станат држави, па така се набројуваат Балокистан, кој се протега во Иран делумно Авганистан и Пакистан секако. Понатаму се говори за Кралството Сауд кое може да порасне во Блиско Источна унија, особено ако се знае дека до пред некоја година беснееше војна измеѓу Саудиска Арабија со престолонаследникот Мохамед Бин Салман кој дефакто ја владее државата, или како го ословуваат овие од запад како МБС односно МАБУС и Хутите од Јемен од друга страна.

Понатаму во анализата се спомнуваат делови од територии на Сомалија како што се Сомалиленд и Пунтланд кои би можеле да се осамостојат, да не заборавиме на 20 милиони Азери кои живеат во Иран(вон границите на Азербејџан), потоа нерешениот статус на Курдите и племето Бербери кое претставува домицилно племе од либиската гранка на Северна Африка. Од другата страна на Медитеранот, овде во Европа покрај што беснеат пожари, се случува  заладување на односите во некогаш компактната  Вишеградска 4-ка, заради односите на Орбан и Фицо кон војната во Украина.

Полските министри се расфрлаат со отровни изјави кон премиерите на двете соседниземји, а заедно со Чешка и нејзиниот хушкачко ратоборен претседател, поранешен генерал. наголемо ја хранат Украинската врхушка во Киев со оружје, кое пристига како донација или со продажба преку трети земји независно дали станува збор за Германско, Босанско, Србско, или пак Чешко оружје.

Додека воените дејствија на обете страни од границата се интензивира измеѓу Украина и РФ, Белорусија дел од своите тенковски формации ги префрли на границата со Украина, во исто време Финска и Литванија ги фортифицираат своите граници со руските  гранични преминикои ионака никој скоро и не ги користи. 

Се чини, искра може да претставува Сувалки коридорот  измеѓу Литванија и Полска кој е најкратка рута помеѓу Белорусија и Калининградската област која е дел од Руската Федерација. Истовремено, од другата страна на Атлантикот, на поранешниот  инспектор на ОН за утврдување дали има Ирак во ерата на Садам Хусеин нуклерно оружје или не поседува, (екс)безбедњакот Скот Ритер(иако во браншата важи флоскулата еднаш безбедњак вечно безбедњак), му е одземен пасошот, 5 часа траеше претресот во неговата куќа и одземени се поприлично на број електронски уреди, а тоа следува набрзо откако му беше забрането да влезе во авион, за да се упати на Санкт Петрбуршкиот форум каде требаше да има свое излагање. Ете толку од демократијата во САД.                     

Европратеничката Катерина Конечна, одржа голем митинг против русофобната политика на Прага. Имено, во 1914 година беа сообраќајно чвориште и произведуваа оружје исто како и сега, кога од 2022 произведуваат и извезуваат оружје за Киев. Во 1941 година, 70.000 Чеси и Словаци тргнаа на Москва и беа заробени и испратени во Сибир во заробеништво, а само првиот чехословачки армиски корпус предводен од  генерал Лудвик Свобода и 30.000 Чеси и Словаци, заедно со црвената армија јуришаа на ослободувањето на Чехословачка од нацизмот.

Премиерката на Бангладеш, која, од минатата недела е во бегство вон земјата барајки азил, го обвини Вашингтон дека направиле т.н. шарена револуција  во Бангладеш, дека го злоупотребиле правото на мирен протест на студентите, а се заради тоа што одбила да им го даде на американците островот Св. Мартин и добар дел од Бенгалскиот  залив за изградба на американска поморска база,што, дефакто значи дека станува екстериторијалност и нема да подлежи на Уставот и законите на Бангладеш. Очигледна е намерата на Хегемонот да ја прошири поморската контрола во регионот на Индопацификот, а се во контекст на подбуцнувањето конфликт помеѓу "Азиското крило" на НАТО кое е во формирање и предводени од САД и комунистичката Народна Република Кина.