Бачев: Преку Христос божјата љубов победи над божјиот гнев, така ќе победи и Македонија над странските измеќари кои рушат се што е македонско


05.05.2024 | 12:58:09 | Соопштенија


Бачев: Преку Христос божјата љубов победи над божјиот гнев, така ќе победи и Македонија над странските измеќари кои рушат се што е македонско

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден упати честитка до православните верници.

-„Дозволете ми, во мое лично име и во името на Единстена Македонија на сите православни верници во Македонија и во странство, да ви го честитам Воскресението Христово - Велигден и да ви посакам многу радост, среќа и духовен мир. Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина.

Велигденското празнување ни доаѓа во тешко време кога се брише се што е македонско и се уништува националниот карактер на Македонците.

Но, Татковината нема цена. Христовата победа над смртта нека ни биде силна инспирација да ја победиме оваа битка со непријателите на македонското дело. Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја ослободиме македонската света земја која е окупирана од внатрешни странски измеќари и надворешни сили кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.

Мора да се бориме за светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. За таа цел, антимакедоснките договори мора да бидат поништени, и ќе бидат поништени. Битката за Македонија и Македоцните продолжува.

И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на религиозните посебности, а помирувањето во македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата заедничка иднина.

Водени од оваа верба, силно веруваме дека во блиска иднина доаѓаат промените во слободна Македонија, а наша должност како Македонци е да ги зачуваме највисоките национални, државни, традиционални и духовни вредности на Македонија и Македонците како библиски народ и света библиска земја.

Нека ни е честит големиот празник и нека е за многу години - се вели во честитката на претседателот на Единствена Македонија до православните верници.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 5 Мај 2024 година