Националниот Блок „Македонија - Бојкотира марионета за претседател“ ја почна кампањата за бојкот на претседателските избори


10.04.2024 | 17:00:58 | Соопштенија


Националниот Блок „Македонија - Бојкотира марионета за претседател“ ја почна кампањата за бојкот на претседателските избори

Националниот Блок „Македонија-Бојкотира марионета за претседател“ денес, среда, 10 април на отворена прес конференција пред Триумфалната порта во центарот на Скопје ја стартува кампањата за неизлегување и бојкот на претседателските избори.

Во текот на кампањата ќе биде посетено секое поголемо место во државата и „очи во очи“ со народот ќе се објаснат причините и целта за неизлегување на претседателските избори. Дококу претседателските избори бидат неуспешни и не се постигне излезност од 40 отсо ценсус, ќе се реализира планот да добиеме вистински македонски претседател на повторените избори кои треба да се одржат во уставниот рок од 40 дена.

 

25 национални и патриотски организации здружени во Националниот Блок „Македонија-Бојкотира марионета за претседател“ ќе водат кампања за неизлегување на претседателските избори под слоганот: МАКЕДОНИЈА-БОЈКОТИРА МАРИОНЕТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ.

По пресот, беше посетен и Соборниот храм каде беше запалена свеќа за бериќет на Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 10 април 2024 година