Бачев со силни и моќни пораки по повод 122 години од загинувањето на Методија Патче


07.04.2024 | 21:49:00 | Соопштенија


Бачев со силни и моќни пораки по повод 122 години од загинувањето на Методија Патче

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Кадино Село, Прилепско, 7 април 2024 година

-„Денеска дојдовме тука да положиме цвеќе на гробот на Методија Патче и да го одржуваме жив споменот на македонскиот револуционер и војвода, кој, тука, во ова село на селската слава Благовец пред 122 години, храбро го положи животот за слободна и независна Македонија.

Убиствата на нашите револуционери во тоа време се одвиваат како на филмско сценарио, предадени од доушници, влегуваат во нерамноправна битка со турскиот аскер, им снемува муниција и исправени пред изборот дали да се предадат или да загинат, одлучуваат да се самоубијат.

Таква била судбината на Методија Патче и на неговите соборци, тука во ова село, кога дошле да покрстат нови борци за Организацијата. 

Инспиративна е нивното дело, нивната, како на Патче така и на Ѓорѓи Сугарев, на Христо Узунов, на идеолозите Гоце Делчев, Даме Груев, сите тие биле учители, можеле да си седат дома да си живеат од учителска плата, да не одат во планините, да не бидат револуционери. Ама ако беше така, ќе ја немаше Македонија. Значи, решиле, донеле одлука да се борат.

Затоа и ние оваа генерација Македонци имаме силна обврска да го продолжиме нивниот идеал, да го сочуваме нивниот идеал за слободна и независна Македонија, посебно во ова тешко време за Републиката кога гледате сите е нападната од марионетска власт во Скопје, во спрега со своите странски ментори кои бришат се што е македонско, бришат име, идентитет, историја и традицијата на македонскиот народ.

Јас тука можам само да се заветам од ова место дека ние во Единствена Македонија никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници македонски револуционери кои ја пролееја за Македонија.

Нека е вечен споменот на Методија Патче!         
Нека ни е вечна македонската држава!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Кадино Село, 7 април 2024 година