Националниот Блок „Македонија - Бојкотира марионета за претседател“ ќе води кампања за бојкот и неизлегување на претседателските избори


04.04.2024 | 10:58:52 | Соопштенија


Националниот Блок „Македонија - Бојкотира марионета за претседател“ ќе води кампања за бојкот и неизлегување на претседателските избори

Ја информираме јавноста дека Националниот Блок „Македонија-Бојкотира марионета за претседател“ ќе води јавна пропаганда за неизлегување на претседателските избори преку јавно собирање и други настани, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, медиумско и интернет претставување и дистрибуирање на печатени материјали и посета на секое поголемо место во државата со брендираниот автобус.

 

Потсетуваме дека во неделата (31 март), 25 патриотски организации потпишаа Повелба за бојкот и водење на кампања за неизлегување на претседателските избори. Во кампањата на конкретен начин ќе покажеме зошто неуспешните претседателски избори го отвораат патот за избор на вистински македонски пртетседател кој ќе биде на првата линија во одбрана на националните интереси.

 

Центар за комуникации на „Македонија-Бојкотира марионета за претседател„   
Скопје, четврток, 4 април 2024 година