Единствена Македонија и Здружението на пензионери ги здружија силите со заеднички пензионерски листи и коносители на изборите


03.04.2024 | 10:58:42 | Соопштенија


Единствена Македонија и Здружението на пензионери ги здружија силите со заеднички пензионерски листи и коносители на изборите

Претставници на Единствена Македонија и Здружението на пензионери за достоинствен живот синоќа во 23:55 часот ги поднесоа заедничките Листи на кандидати за пратеници во Државната изборна комисија.

 

Да потсетиме, Единствена Македонија е единствената партија која цела година на пензионерските протести е заедно со пензионерите за остварување на нивните оправдани барања. За таа цел, Единствена Македонија и Здружението на пензионери за достоинствне живот лани на 15 ноември заедно во Собранието поднесоа два закони: за пензиското и инвалидското осигурување и за здравственото осигурување, со кои, трајно и систематски се решаваат проблемите на пензионерите.

 

За жал, никој од 120 пратеници како овластени предлагачи, не ги стави законите на дневен ред. Затоа сега пензиоерите имаат историска шанса преку отстапените листи од Единствена Македонија да влезат во Собранието и со свои пратенци сами да си го решат пензионерскиот проблем.

 

На парламентарните избори на 8 мај, Единствена Македонија и Здружението на пензионери за достоинствен живот настапуваат заедно со заеднички листи за пратеници и коносители во сите шест изборни единици.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија     
Скопје, среда, 3 април 2024 година