Единствена Македонија: Бојкот и неуспешни претседателски избори го отвора патот да дојде вистински македонски претседател


31.03.2024 | 16:11:59 | Соопштенија


Единствена Македонија: Бојкот и неуспешни претседателски избори го отвора патот да дојде вистински македонски претседател

Денес, недела, 31 март 2024, дваесет и пет организации - политички партии и здруженија потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб кој ќе води јавна пропаганда за неизлегување и бојкот на претседателските избори. Кампањата ќе се води под слоганот „Македонија - Бојкотира марионета за претседател“.

Општ заклучок кај потписниците на Повелбата е дека  македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија нема да излезат на претседателските избори бидејќи нема вистински македонски кандидат и не прифаќаат марионета за претседател.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече: „Ова е голем историски ден на Семакедонско обединување и повторно активирање на Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ кој ја победи марионетската власт за референдумот на 30 септември 2018 година. Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ ќе води јавна кампања за неизлегување на претседателските избори наспроти кампањата на марионетските кандидати за претседател. На конкретен начин во кампањата ќе покажеме дека нема вистински македонски кандидат за претседател и дека сите понудени кандидати во својата кариера учествувале во разнебитувањето на македонската држава и македонскиот народ.  Доколку народот ги направи неуспешни претседателските  избори, се заветуваме дека веднаш по распишувањето на новите избори ќе понудиме вистински македонски кандидат. Исто така, доколку народот ни даде доверба на пратеничките листи, ќе иницираме референдум за промена на уставот,  со цел, промена на политичкиот систем и воведување на претседателски ситем со силни овластувања на претседателот кој мора да расчисти со бандитите и националните предавници. Битката за Македонија и Македонците ќе се реши и ќе ја добиеме со бојкот и неизлегување на претседателските избори со што го отвораме патот да дојде вистински македонски претседател - истакна Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 31 март 2024 година

Медиуми:

Макфакс

Опсервер

МНет

Точка

Инфо

Грид

Тајм