Централен комитет на Единствена Македонија: Ќе има кампања за бојкот на марионета за претседател, остстапување на пратенички листи на Пензионери за достоинствен живот


28.03.2024 | 18:45:27 |


Централен комитет на Единствена Македонија: Ќе има кампања за бојкот на марионета за претседател, остстапување на пратенички листи на Пензионери за достоинствен  живот

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисок одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса расправаше за настапот на партијата на претстојните претседателски и парламентарни избори. На седницата беа донесени следните одлуки:

1. Централниот комитет ги прифати предлозите од вчерашната седница (среда, 27 март) на Извршниот комитет и донесе одлука за повикување на народот за неизлегување и бојкот на претседателските избори. Нема вистински македонски кандидат за одбрана на македонските интереси туку кандидати делегирани од ист странски центар за спроведување на антимакедонска агенда. Впрочем, сите предложени кандидати биле учесници во предавствата спрема Македонија и Македонците за што подетално ќе го запознаеме народот за време на кампањата.

Кампањата ќе се води под мото: „МАКЕДОНИЈА БОЈКОТИРА МАРИОНЕТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ“.

2. Да се поканат субјектите кои беа здружени во Националиот Блок „Македонија-Бојкотира“ за бојкот на референдумот од 30 септември 2018 кога беше победена марионетската власт со неуспешниот референдум, повторно, заедно со народот да кажеме одлучно „НЕ“ на марионета за претседател. Но, потенцираме дека доколку биде успешен овој голем предизвик за народот и претседателските избори не успеат, веднаш на повторените избори Националиот Блок ќе понуди вистински македонски кандидат за претседател општо прифатлив за народот.

3. Централниот комитет донесе одлука Единствена Македонија да настапи на парламентарните избори на 8 мај во сојуз со Здружението на пензионери за достоинствен живот со коносители на листи од Единствена Македонија и Пензионери за достоинствен живот. На овој начин, пензионери да бидат избрани за пратеници и влезат во Собранието самите да си го решат пензионерскиот проблем.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 28 март 2024 година