Извршен комитет на Единствена Македонија: Разгледана иницијативата за бојкот на претседателските избори и отстапување на пратенички листи на пензионерите


27.03.2024 | 21:11:59 | Соопштенија


Извршен комитет на Единствена Македонија: Разгледана иницијативата за бојкот на претседателските избори и отстапување на пратенички листи на пензионерите

На седницата на Извршниот комитет на Единствена Македонија одржана вечерва, среда, 27 март 2024 година беше рзгледана Иницијативата за активирање на Националниот Блок „Македонија Бојкотира“ за водење кампања за бојкот на претседателските избори поради немање вистински македонски претседателски кандидат за одбрана на македонските интереси.

Исто така се разгледа прашањето за отстапување на Листи на пратеници на Здружението Пензионери за достоинствен живот, со цел, претставници на пензионерите да бидат избрани за пратеници и влезат во Собранието самите да си го решат пензионерскиот проблем.

Заклучоците од вечерашната седница на Извршниот комитет се доставени на одлучување до Централниот комитет на Единствена Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 27 март 2024 година