Единствена Македонија: Бачев ја победи тајната полиција во врска со незаконското следење и прислушкување


28.02.2024 | 20:13:28 | Соопштенија


Единствена Македонија: Бачев ја победи тајната полиција во врска со незаконското следење и прислушкување

Ја информираме јавноста дека претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев ја победи Агенцијата за национална безбедност и по судски пат докажа дека најмалку од 2018 година кога го предводеше Националниот Блок „Македонија - Бојкотира“ во битката за референдумот и против промена на името, па се до денешно време против него се преземаат три оперативно-технички мерки: тајна контрола на телефон, тајно аудио и визуелно снимање и тајно следење и набљудување.

Согласно судската пресуда, сега АНБ е во законска обврска (член 51 став 3) да му достави писмен документ на Бачев за собирањето на тајни податоци против него.

Да потсетиме, Бачев водеше правна битка против АНБ и притоа истакнуваше дека битката ќе ја истера до крај не заради него лично, туку генерално за сите граѓани, бидеќи, не може тајната полиција како резултат на политички уверувања да презема мерки на тајно следење и прислушкување.

За жал, ние, граѓаните, наивно сме верувале дека тајната полиција која ја плаќаме со народни пари ја штити државата и народот од странска шпионажа, па, кој, тогаш, ќе ги следи политичките неистомисленици?

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 28 февруари 2024 година