Единствена Македонија и Здружението на пензионери за достоинствен живот на трибина во Новаци со пензионерите за законите за ПИО и здравство


12.02.2024 | 19:01:16 | Соопштенија


Единствена Македонија и Здружението на пензионери за достоинствен живот на трибина во Новаци со пензионерите за законите за ПИО и здравство

Единствена Македонија и Здружението на пензионери за достоинствен живот синоќа во Новаци имаа средба со пензионерите на која се разгледуваа чекорите и идните актиности кои треба да доведат до усвојување на закон за пензиско и инвалидско осигурување со кој трајно и систематски се решава проблемот со пензионерите.

Да потсетиме, на 15 ноември лани Единствена Македонија и Здружението на пензионери за достоинствен живот во Собранието поднесоа два закони: за пензиското и инвалидското осигурување и за здравственото осигурување кои овозможуваат целосно решавање на прболемот со пензионерите.

Но, за жал, законите останаа закочени во собраниските фиоки и ниту еден од 120 - те пратенции не ги стави на дневен ред. Затоа на средбата, општа беше согласноста дека пензионерите размислуваат за изнаоѓање механизми директно да одлучуваат за решавање на проблемите на пензионерите после изборите.

По одржаните трибини во Битола и Прилеп, успешна трибина и во Новаци во рамките на планираните трибини во сите поголеми места во државата. Подршка за пензионерите кои ја граделе оваа држава и кои заслужуваат да имаат достојна старост, и да не заборавиме, сега се борат тие, утре може да биде секој од нас кога ќе замине во пензија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 12 февруари 2024 година