Единствена Македонија: Изборот на Талат Џафери е опасна провокација за Македонија и Македонците


29.01.2024 | 16:09:31 | Соопштенија


Единствена Македонија: Изборот на Талат Џафери е опасна провокација за Македонија и Македонците

Марионетската власт на СДСМ и ДУИ продолжува со опасните провокации спрема македонскиот народ и македонската држава со изборот на Талат Џафери за претседател на владата.

Освен нелегално избран за собраниски претседател, Талат Џафери е ликот со терористичко учество во 2001 за рушењето на уставниот поредок на Македонија и инволвиран во масакрот на македонските бранители кај Вејце кој сеуште останува нерасчистен.

За Единствна Македонија, марионетската власт во Скопје продолжува со антимакедонската агенда за туркање на Македонија до територијална федерализација, со крајна цел, создавање на Голема Албанија во која влегуваат и делови од Македонија.

Единствена Макдонија во име на македонскиот народ ја предупредува марионетската  СДСМ да не се рафрлаат со антимакедонски провокации оти Македонците се при крај со своето трпение. Крајот на марионетската власт се ближи а новата народна власт ќе го врати националното и државното достинството и ќе го даде одговорот за Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 29 јанаури 2024 година