Дали АНБ ги следи ДУИ, СДСМ, ЕСП како што ја следи Единствена Македонија кога има меѓународна соработка


20.01.2024 | 14:57:12 | Соопштенија


Дали АНБ ги следи ДУИ, СДСМ, ЕСП како што ја следи Единствена Македонија кога има меѓународна соработка

Јавноста гледа серија средби на партии од Македонија во странство. Албанскиот Европски сојуз за промени на средби во американскиот конгрес, ДУИ на средби со министри на албанскиот премиер Еди Рама, СДСМ на средба во Косово со партијата на Албин Курти. И дотука се е во ред. Нема ништо спорно партиите да остваруваат меѓународна соработка.

Но, кога Единствена Македонија остварува такви средби како што беше во Руската дума во Москва, од страна на македонската тајна полиција се преземни мерки на следење и прислушкување во рамките на досието со кодно име „Атлантик“. Оттука, принципиелно прашање, дали тајната полиција ги прислушува и следи сега и партиите од Европскиот сојуз за промени, ДУИ и СДСМ?

Единствена Македонија во духот на Повелбата на Обединетите нации е за соработка со партии од сите држави каде интересите на Македонија се поклопуваат во насока на остварување на македонскиот национален интерес. Во овој контекст, Единствена Македонија остварува корисни средби и во земјата со разни странски чинители. Сме имале средби и со француската, германската, иранската, руската амбасада, ЕУ, ОБСЕ...Токму документацијата што ја предадовме во француската амбасада за досието „Атлатник“ спречи именување на лице за амбасадор во Париз, кој, како директор на АНБ преземал мерки за тајно следење и прислушување спрема претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

Ја користиме приликата да ја известиме јавноста дека судскиот процес против тајната полиција АНБ е при крај за незаконското прислушување и следење на претседателот на партијата Јанко Бачев и многи бргу јавноста ќе види за злоупотребата на тајната полиција во однос на Единствена Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 20 јануари 2024 година