Единствена Македонија: Со примена на странски „црни листи“ Македонија станува вазална држава спротивно на Уставот и Повелбата на ОН


17.01.2024 | 12:39:39 | Соопштенија


Единствена Македонија: Со примена на странски „црни листи“ Македонија станува вазална држава спротивно на Уставот и Повелбата на ОН

Марионетската власт во Скопје продолжува со погубните политики за рушење на државата откако одобри американските и британските „црни листи“ да бидат основа за санкционирање на домашни лица, со што, Македонија на меѓународната сцена практично станува зависна (полусуверена држава).

Оваа одлука на власта за реакционерна зависност, со која, Македонија се става во позиција на зависност, нема своја домашна и меѓународно-правна заснованост бидејќи  не е во согласност со уставот и Повелбата на ОН каде се содржани темелни начела на современата меѓународна заедница.

Уште пострашно, со оваа нова авантура на марионетската влада во Скопје се отвора патот за елиминирање од политичката сцена, пред се, на националните и патриотските сили кои се на првата линија во одбрана на македонските национални и државни интереси.

Владата во Скопје очигледно го губи компасот и преставува срамен пример како една држава ги користи своите органи против сопствените интереси. Директна примена на странски одлуки во националниот правен поредок со кои се одземаат права на домашни државјани е врв на полтронството. Марионетската влада испушта од вид дека полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 17 јануари 2024 година

Новости