Единствена Македонија: Прости им Боже, не знаат што прават, на тероризам утре ќе возвратат со владина седница


08.01.2024 | 15:19:24 | Соопштенија


Единствена Македонија: Прости им Боже, не знаат што прават, на тероризам утре ќе возвратат со владина седница

Вест број еден во државата е немилиот настан на Контролната кула на скопскиот аеродором, кој, од страна на компетентни лица е оценет за терористички акт и властите требало соодветно да реагираат.

Затоа, Единствена Македонија изразува згрозеност и шокираност од одлуката на владата утре ( 9 јануари) да држи седница за упадот во Контролната кула.

Ова е само по себе скандал и најблаго кажано идиотизам. Во сите нормални држави во случај на тероризам безбедносните органи делуваат веднаш на лице место со неутрализирање  и решавање на учесниците на терористички дејствија. Но, замислете, марионетската влада во Скопје на тероризам по пет дена ќе реагира со владина седница.

Прости им Боже, не знаат што прават!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 8 јануари 2024 година