Единствена Македонија до власта: Вразумете се и ставете мораториум за ЕУ и договорите со Бугарија и Грција до следните избори


16.12.2023 | 15:03:35 | Соопштенија


Единствена Македонија до власта: Вразумете се и ставете мораториум за ЕУ и договорите со Бугарија и Грција до следните избори

Марионетската власт во Скопје со најновиот понижувачки извештај на ЕУ продолжува да добива силни шамари на рати од Брисел. Власта во Скопје го губи компасот бидејќи од Брисел не множат со нула а власта го смета тоа за успех.

Со години на марионетските власти во Скопје устите им беа полни со фалби дека со договорите со Бугарија и Грција ги решаваме проблемите, дека нема повеќе отворени прашања и дека е отворен патот за членство во ЕУ.

Марионетската власт продолжува да лаже штом зине. Прифати антимакедонски договори во однос на нацијата, името, јазикот, идентитетот, историјата, културата, традицијата на македонскиот народ а за возврат - тишина од ЕУ.

Единствена Македонија ја повикува власта да се вразуми и на очигледно шовинистичкиот поход спрема македонскиот народ да одговори со мораториум за ЕУ и договорите до Бугарија и Грција до следните избори дотолку повеќе што и Грција воопшто не го почитува т.н. преспански договор.

Народот да не наседнува на лажната пропаганда на власта за некаков рај наречен ЕУ. Македонија и утре да стане членка на ЕУ, пак ќе биде исто. Доколку сами не си ја средиме државата со чесни политичари, никој од надвор нема да не направи држава со убав стандард.

Новата легална власт која доаѓа никогаш нема да ја предаде Македонија. Ќе ги поништиме антимакедонските договори кои се спротивни на меѓународното право на кое почива меѓународната заедница. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме а Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 16 декември 2023 година