Добра вест за пензионерите: Бачев и Угриновски известија дека Џафери ги доставил двата нивни закони за пензиско и здравствено до сите пратеници


11.12.2023 | 16:34:11 | Прес Конференции


Добра вест за пензионерите: Бачев и Угриновски известија дека Џафери ги доставил двата нивни закони за пензиско и здравствено до сите пратеници

Изјави, Единствена Македонија и Сојуз на пензионери-пензионери за достоинствен живот
Јанко Бачев, престедател на Единствена Македонија и Драган Угриновски претседател на Сојузот на пензионери - пензионери за достоинствен живот
Скопје, понеделник, 11 декември 20203 година

Во денешната изјава за јавноста, претседателите на Единствена Македонија и Сојузот на пензионери - пензионери за достоинствен живот, Јанко Бачев и Драган Угриновски ја информираа јавноста за повратното писмо од претседателот на Собранието Талат Џафери за започнување на собраниската постапка во однос на поднесените два закона: Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Предлог закон за дополнување на Законот за здравственото осигурување поднесени во Собранието на 14 ноември 2023 од страна на Единствена Македонија и Сојузот на пензионери - пензионери за достоинствен живот.

Двата закони од страна на собранискиот претседател им седоставени на сите 120 пратеници и очекуваме сега да бидат ставени на дневен ред ред, со што, најпосле се решава пензионерскиот проблем на систематска и трајна основа.

Центар за комуникации на јавноста
Скопје, понеделник, 11 декември 2023 година