Единствена Македонија: Цивил и Џабир Дерала по втор пат го убија Панче со лагите дека бил џелат, уценувач и рекетар на богати скопски семејства


09.12.2023 | 14:32:15 | Соопштенија


Единствена Македонија: Цивил и Џабир Дерала по втор пат го убија Панче со лагите дека бил џелат, уценувач и рекетар на богати скопски семејства

Здружението „Цивил“ и неговито претседател  Џабир Дерала го допреа дното со гнасните и лажни информации со кои се оцрнува трагично загинатиот претседател на Унијата на ветерани на Единствена Македонија, Панче Жежовски.

Цивил во текстот „Монструми под знамето на вергина“ пишува: „и една од жртвите, Жежовски, е член на истата партија како и осомничените која во еден миг се претворила во дружина која треба да заработува преку уцени на богати скопски семејства, претворајќи се во одвратни џелати“ завршен цитат.

Најостро ги отфрламе овие лаги, бидејќи прво, Панче е во Единствена Македонија од 2015 година и никогаш не бил член на партија со назив „Десна“ и второ, најстрашното е што „Цивил“ го убива Панче по втор пат, претставувајќи го како уценувач, џелат... Да се каже ова за Панче како исклучително чесен и енергичен човек, со ведар дух и полн со оптимизам за иднината на Македонија и човек кој не би стапнал на мува, е грев против Господ и природата, ама еве, некој во „Цивил“ има интерес да го прикаже поинаку.

Единствена Македонија за цело време стои настрана во однос на двојното убиство со Панче и Вања, оставајќи надлежните да ја заокружат истрагата, од која, меѓу другото ќе се видат и лагите на „Цивил“ во однос на Панче, а сето ова со цел како партија да не бидеме лошо сфатени и да не се создаде впечаток дека се мешаме. Но, ова ќе трае додека не се заокружи случајот и со очекуваната екстрадиција на првоосомничениот, по што ќе се произнесеме целосно за овој громорозен настан кој ја потресе Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 9 декември 2023