Бачев до ОБСЕ: Како не ви е срам, ќе дебатирате за безбедност а ќе претседава лице од терористичка организација


29.11.2023 | 18:34:01 | Прес Конференции


Бачев до ОБСЕ: Како не ви е срам, ќе дебатирате за безбедност а ќе претседава лице од терористичка организација

По повод Самитот на ОБСЕ во Скопје, денес, среда, 29 ноември, во изјава за јавноста претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече:

Почитувани,

„- Утре, во оваа сала што ја гледате позади мене ќе се одржи големиот собир на ОБСЕ, најголемата регионална организација која брои 54 земји-членки. Ќе се соберат министрите за надворешни работи од земјите - членки на ОБСЕ.

ОБСЕ е организација која почива на два столба: човековата димензија, односно, заштита на човековите права и слободи и не случајно го прави тоа, бидејќи, на денешниот степен на развојот на меѓународното право, човековите права се издигнати на степен, да од нив зависи меѓународната безбедност и меѓународниот мир.

И втората димензија што е побитна, што е повод за денешната моја изјава е безбедносната димензија на ОБСЕ, бидејќи ОБСЕ како организација се грижи за безбедноста и во таа насока силно ги осудува терористичките дејствија по светот.

Меѓутоа, денес сакам да ја упатам мојата порака, како не им е срам на овие министри за надворешни работи, утре што ќе се соберат тука во оваа сала, да дебатираат за безбедност, да дебатираат за тероризмот во светот, кога со нив ќе претседава лицето Бујар Османи, човек кој доаѓа од терористичка организација.

Бујар Османи е претставник на терористичката УЧК  која што во 2001 година го нападна уставниот поредок на Македонија, а тоа е вредност токму за што се залага ОБСЕ - теротиријалниот интегритет, суверенитет, заштита на човековите права, безбедноста и  во таа насока силно ги осудува терористичките дејствија. Токму таа УЧК - терористичка организација во 2001 година пукаше врз македонските безбедносни сили и притоа зави во црно 80 македонски фамилии.

Втор момент што сакам да го потенцирам денеска е фактот, како не му е срам и на македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Утре прогласи неработен ден и владата издаде соопштение, во кое, замислете, препорачува луѓето утре да седат дома и да не излегуваат, бидејќи ќе било гужви со делегациите.

Мојата порака е, па ако овие белосветски битанги, дипломатски и политички кои утре ќе бидат тука, ако се толку популарни, зошто Ковачевски не го повика народот масовно да излезе по улиците и во изблици на радост да ги поздрави сите овие делегации. Од кого ќе се кријат овие министри на ОБСЕ кои што утре ќе дојдат во Скопје, тие ќе се соберат тука, гледате во во оваа сала која што е уште од овој момент, како што можете да видите, оградена со силни полициски огради и тие утре, едноставно тука ќе бидат собрани, народски кажано како во трло, собрани меѓу себе ќе дискутираат и после тоа ќе ја напуштат салата и ќе избегат од Македонија.

Утре почитувани Македонци и Македонки, нема да ги видите Македонците масовно на улица, бидејќи Македонците сакаат меѓународни организации, членство на Македонија во меѓународни организации каде што ќе се почитува името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 29 номември 2023 година