Потпишан Меморандум за соработка меѓу Единствена Македонија и Форумот за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија


13.11.2023 | 16:57:00 | Прес Конференции


Потпишан Меморандум за соработка меѓу Единствена Македонија и Форумот за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Единствена Македонија и Форумот за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија склучија Меморандум за соработка, со што, во иднина ќе се усогласуваат, координираат и преземаат заеднички активности од значење за Македонија, македонскиот народ и во тие рамки и Македонците во егејскиот дел од Македонија.

На чинот на потпишувањето претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:

-„Денешното скллучување на Меморандум за соработка меѓу Единствена Македонија и Форумот за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија има големо значење за нас во Единствена Македонија, бидејќи се работи за две организации кои во основа преземаат активности во интерес на Македонија, македонскиот народ, Македонците во соседните земји, Македонците во светот и во тие рамки и Македонците во егејскиот дел на Македонија.

Незамисливо и неприфатливо е во денешно време Македонците од егејскиот дел на Македонија да не ги уживаат основните човекови права иако Грција е потписник на бројни меѓународни спогодби од областа на човековите права, дотолку повеќе, на денешниот степен на развој на меѓународното право човековите права се издигнати на ниво на апсолутно задолжително меѓународно право познато во јавноста како јус когенс норми кои што државите се обврзани да ги почитуваат.

Меѓутоа, како и да е, ние мора да ја продолжиме нашата борба за правата на Македонците каде и да живеат и јас верувам дека промените ќе се случат. Светот се менува, Европа се менува, промените на геополитичка основа се случуваат и врувам дека и ние Македонците во рамките на тие промени ќе ги оставриме нашите витални интереси.

Меморандумот кој го склучивме денеска е многу добра и корисна работа и можам да се заветам од ова место дека нема да дозволиме овој Меморандум да остане само обичен лист хартија, туку ќе се погрижиме да стане дело, живо дело кое што нашите организации ќе почнат веднаш да го спроведуваат, а се во интерес на Македонија и Македонците.

Претседателот на Форумот за човековите права на Македонците од егејскиот дел од Македонија Ташко Јованов рече:

-„Ние во Фроумот за човекои права на Македонците во егејскиот дел од Македонија денеска потпишавме Меморандум за соработка со партијата Единствена Македонија и во тие рамки ќе се залагаме за запазување на идентитетот на македонскиот народ и македонската нација - потенцираше Јованов.

Центар за комуникации со јавноста
Скопје, понеделник, 13 ноември 2023 година