Единствена Македонија, Унијата на ветерани на ВМРО 1990, Здружението на судени за ВМРО, Здружението на армиски ветерани и Здружението Христијанско братство се поклонија пред основачите на ВМРО


23.10.2023 | 15:24:52 | Соопштенија


Единствена Македонија, Унијата на ветерани на ВМРО 1990, Здружението на судени за ВМРО, Здружението на армиски ветерани и Здружението Христијанско братство се поклонија пред основачите на ВМРО

На денешниот голем празник, Денот на Македонската револуционерна борба, делегација на Единствена Македонија заедно со делегации на братските организации: Унијата на ветерани на ВМРО 1990, Здружението на прогонувани и судени за самобитноста на македонскиот народ, Здружението на армиските ветерани и Здружението Христијанско братство положија цвеќе на споменикот на основачите на историското ВМРО.

Општ е впечатокот дека денешниот датум 23 октомври е силно врежан во меморијата на македонскиот народ. На овој ден пред 130 години шестмина храбри Македонци, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Антон Димитров ја формирале најсилната револуционерна организација во македонската историја.

Нека ни е честит празникот 23 октомври, овој голем македонски ден. Да живее македонскиот народ! Да живее Македонија! Нека е вечен споменот на Организацијата!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 23 октомври 2023 година