Бачев: Нека ни е честит 11 Октомври, денот на народното востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор


11.10.2023 | 10:34:34 | Соопштенија


Бачев: Нека ни е честит 11 Октомври, денот на народното востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор

Честитка, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, среда, 11 Октомври 2023 година

-„Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата започна на 11 октомври 1941 година со вооруженото востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор кои во рамките на глобалниот германски фашизам ја окупира територијата на Македонија, со што, заедно со големата Црвена армија на Советскиот сојуз дојде слободата за народите на светот и остварувањето на сонот за формирање на македонската држава.

Борбата на нашите предци беше македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме од домашните и надворешните непријатели на македонското дело кои сакаат да избришат се што е  македонско и да го срушат сето она што го постигнаа борците во антифашистичката борба со својата храброст, решителност и одлучност.

Пред нас е нова борба откако е распослана тажната слика за Татковината од налетот на марионетската власт во Скопје и нивните странски ментори да избришат се што е македонско со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

11 Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонската држава, македонскиот народ и сите лојални граѓани на Република Македонија, никогаш нема да ја заборави жртвата на македонските партизани и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.

Нека е честит 11 Октомври! Нека е вечно делото на борците во Народноослободителната борба за социјално и национално ослободување на македонскиот народ, да ни е вечна Република Македонија!“

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 11 Октомври 2023 година